Бизнис
12. January 2017 - 19:49

ЕЛЕМ: Третиот блок на РЕК Битола вратен во функција, снабдувањето се одвива без проблеми

Третиот блок на РЕК Битола  е ставен во функција. Во моментов електраната  работи со полн капацитет и обезбедува  поголем дел  од потребите. Од елем посочија дека нема проблеми во снабдувањето со струја.  И граѓаните и домаќинствата  ги добиваат  потребните количини. Така ќе биде и во наредните денови.  На располагање се сите капацитети вклчувајќи ги и хидроцентралите. Ако има потреба и ТЕЦ Осломеј ќе се стави во функција, барем со половина капацитет. Според анализите конзумот во овој период е зголемен за 40 отсто во однос на просечниот.

Досега за увоз  потрошени се околу 2 милиони евра.  Но финансискиот кусок ќе биде многу помал, поради направените вишоци во ноември годинава. Од ЕЛЕМ велат дека  увозот ќе продолжи ако цената на берзите е  помала од  онаа на струјата произведена дома. Набавката нема да ја поскапи струјат за домаќинствата и  за стопанството. Компанијата  нема да пријави зголемени трошоци.

Проблеми со струја има во речиси цела Европа.  Во Унгарија и  Чешка се работи  на дефектите на нуклеарните централи . Два блока  од термоцентра  во Босна се во прекин. Протокот на струја од Австрија кон Унгарија е намалем. Од три напојувања, Македонија  остана на само едно од Србија. Грција го затвори далноводот кон земјава. На полноќ тоа ќе го направи и Бугарија. Но  граѓаните и  стопанствотот  да не стравуваат Рестрикции нема да има. Состојбата следи 24 часа.