ЕЛЕМ: Третиот блок на РЕК Битола вратен во функција, снабдувањето се одвива без проблеми
Третиот блок на РЕК Битола е ставен во функција. Во моментов електраната работи со полн капацитет и обезбедува поголем дел од потребите. Од елем посочија дека нема проблеми во снабдувањето со струја. И граѓаните и домаќинствата ги добиваат потребните количини. Така ќе биде и во наредните денови. На располагање се сите капацитети вклчувајќи ги и хидроцентралите. Ако има потреба и ТЕЦ Осломеј ќе се стави во функција, барем со половина капацитет. Според анализите конзумот во овој период е зголемен за 40 отсто во однос на просечниот.
Досега за увоз потрошени се околу 2 милиони евра. Но финансискиот кусок ќе биде многу помал, поради направените вишоци во ноември годинава. Од ЕЛЕМ велат дека увозот ќе продолжи ако цената на берзите е помала од онаа на струјата произведена дома. Набавката нема да ја поскапи струјат за домаќинствата и за стопанството. Компанијата нема да пријави зголемени трошоци.
Проблеми со струја има во речиси цела Европа. Во Унгарија и Чешка се работи на дефектите на нуклеарните централи . Два блока од термоцентра во Босна се во прекин. Протокот на струја од Австрија кон Унгарија е намалем. Од три напојувања, Македонија остана на само едно од Србија. Грција го затвори далноводот кон земјава. На полноќ тоа ќе го направи и Бугарија. Но граѓаните и стопанствотот да не стравуваат Рестрикции нема да има. Состојбата следи 24 часа.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар