ЕЛЕМ: Струјата во Македонија нема да поскапи и нема да има рестрикции
Во Македонија нема да има рестрикции на струја бидејќи снабдувањето со електрична енергија за потрошувачите, односно домаќинствата и помалите компании на пазарот за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со нивните потреби.
Како што информираат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) снабдувањето е редовно и целосно, а струјата се обезбедува главно од домашно производство, но во одредени периоди од денот кога е најголема потрошувачката се дополнува од увоз на струја од регионалните држави, пишува Вечер.
Од кога стартуваше ладниот бран во земјава, со температури пониски за 15 целзиусови степени пониски во однос на просекот во изминативе пет години потрошувачката на електрична енергија во земјава е зголемена околу 30 проценти.
Како што информираат од ЕЛЕМ сите расположливи капацитети за производство на струја се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија кои компанијата редовно ги објавува на својата веб-страница се обезбедени на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика.
– И понатаму внимателно се следи потрошувачката на електрична енергија и се приспособува производството од домашните капацитети во согласност со потребите на потрошувачите на регулираниот Пазар, се вели во соопштението на енергетската компанија.
Тие појаснуваат дека временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа директно влијаат и на цените на електричната енергија.
Цената е поскапа и се движи од 150 до 219 евра за мегават-час, но сепак тоа нема да ја зголеми цената на електричната струја што ја плаќаат граѓаните.
Од ЕЛЕМ за весникот потврдуваат дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата, но и за малото стопанство.
– Негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период. Средствата за таа намена компанијата во целост ги обезбеди од сопственото работење – потврдуваат од ЕЛЕМ.
Со тоа се демантираат сите шпекулации во јавноста што деновиве се пласираат од страна на опозицијата дека увозната цена ќе ја зголеми цената на струјата.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово