Бизнис
26. May 2017 - 19:50

ЕЛЕМ наскоро во нова администравна зграда, во тек повеќе крупни проекти во енергетиката

До крајот на јуни ЕЛЕМ ќе биде сместен во новиот објект. На 10.000 метри квадратни во строгиот центар на Скопје, сите работни единици од Електрани на Макеоднија ќе бидат сместени во новата зграда, вредна 15 милиони евра.  Во новиот објект ќе има место за околу 500 вработени. Тука ќе бидат сместени и оние кои сега работат во објекти за кои компанијата плаќа кирија. Само по овој сонов заштедите ќе изнесуваат 200.000 евра годишно.

ЕЛЕМ годинава нема да бара зголемување на цената на струјата затоа што компанијата нема зголемени трошоци. Напротив, остварени се заштеди кои ќе бидат вложени во повеќе прокети. Еден од најкрупните е новото наоѓалиште за јаглен во делчевско – пехчевскиот регион каде во наредиот период ќе се инвестира во нов јагленокоп.

Покрај ова ЕЛЕМ ќе ја моденризира централата Осломеј, ќе се ангажира околу хидоцентралите Чебрен и Галиште, ќе инвестира во доизградба на ветропаркот во Богданци,  во тек е реализацијата на проектот за топлификација на Битола и други инветсиции кои треба да гои зголемат производствто на струја по пониска цена з аграѓаните и фирмите. ЕЛем за годинава обезбеди и 10 милиони евра за довршување на жичарницата на Попова Шапка и уште 3 милиони евра за реновирање на хотелите Попова Шапка и Славија.