Бизнис
8. January 2017 - 17:13

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба е стабилна, граѓаните добиваат струја

Студениот бран кој ја зафати земјава за 10 отсто ја зголеми потрошувачката на струја во однос на вообичаената потрошувачка за овој период.  За прв пат годинава се троши и струја од увоз. Од елем уверуваат електро - енергетскиот систем е стабилен. На располагање се ставени сите производствени капацитети , вклучувајчи ги и резервите од хидроцентралите кои ќе се употребат ако дојде до драстично зголемување на потрошувачката.  Домаќинствата и индустриските капацитети  навреме ги добиваат потребните количини на струја.

Увезени се 175 мегавати.  Но не станува збор за интеревентен увоз. Потрошувачката е зголемена, а поради дефект на цефка еден  од блоковите на РЕК - Битола е надвор од функција и за да се орджи системот направен е увоз и тоа по цена за 35 отсто пониска од онаа по која се тргува на регионланите берзи, велат од ЕЛЕМ. На блокот во РЕК се работи и се очекува тој да биде ставен во функција до утре.  

И од ЕВН  потенцираа дека  на петти јануари  за 7 отсто била зголемена потрошувачката на струја во однос на истиот ден лани, на 6 ти  за 15 проценти,  а на седми  јануари потрошувачката на струја во однос на истиот ден минатата година е зголемена за 28 отсто.

Соглансо новите правила од први јануари годинава наместо ЕВН, ЕЛЕМ има обврска да ги обезбеди  неопходните количини на електрична енергија.