Бизнис
10. January 2017 - 20:27

ЕЛЕМ: Екстремно ниските температури ја зголемија потрошувачката за 30%

Третиот блок на РЕК Битола останува надвор од функција. При поправка  повторно напукнала цевка во котелскиот сегмент, која се  очекува во најкус можен  рок, најдоцна  за 72 часа,  да се санира и блокот повторно  да стане оперативен, информираат од ЕЛЕМ. Снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата и помалите компании се одвива редовно, а поради екстремно ниските температури потрошувачката е зголемена за 30%.  За да биде задоволена потребата, ЕЛЕМ ги стави  во погон сите расположливи капацитети, а  дел од количините се  увозуваат.  Вчера се набавени 3.600 магаватчасови за 101 евро за магават, цена која е пониска од онаа што се продава на   берзите во регионот.  Така на пример на берзата во Унгарија мегават час елекстрична енергија  се продава по 126 евра, во Бугарија 123, Србија 140 евра за мегават час.  Елем нагласува дека набавката  во овој период нема да влијае врз цената на струјата  за граѓаните и стопанството,   туку разликата  ќе се надополни од продажбата на вишоци на струја реазлизирани во ноември и декември лани. Инаку, според анализата која ја направи државанта енергетска  компанија , надворешната темпаратура е за 8 степени пониска во однос на десетгодишниот просек за овој период од годината.

И од ЕВН информираат дека снабдувањето со електрична енергија се одвива без поголеми проблеми. Прекини се јавуваат  во ниско напонската мрежа и тоа на одредени повисоки места, каде поради отежнатите временски  услови  и големите наноси од снег, екипите имаат проблем да   пристапат на теренот. Инаку велат дека ниските тепемратури ја зголемија потрошувачата на струја , во моментов за 10%. Затоа препорачуваат граѓаните разумно и ефикасно  да ја користат.