Бизнис
15. February 2018 - 19:50

ЕЛЕМ без тендер склучи договор за ископ на јаглен вреден 2,5 милиони евра

ЕЛЕМ без тендер склучиле договор  за ископ на јагле вреден 2,5 милионие евра. Од компанијата велат дека поради повлекување на Трансмет - претходната фирма со која се соработувале, биле принудени да склучат договор со компанијата Пелистер затоа што настанал застој во ископувањето на јаглен во РЕК Битола. Во изборот учествувале 5 компании . Пелистер дала најниска цена од 88 денари за кило џул по килограм ископан јаглен и јеловина. Претходно пак за истата работа на Трансмет и се плаќале 44 денари.

Поради таквата ситуација, настана застој во ископот на јаглен во РЕК „Битола“, по што ЕЛЕМ пристапи кон распишување нов тендер за ископ, а периодот од три месеци до избор на нова фирма на тендерот се покри со склучување привремен договор со една од фирмите што беа поканети во РЕК „Битола“ да ги изнесат своите понуди и да понудат услови за ископ на јаглен во наведениот привремен период“се вели во соопштението на елем.икипатики

Во меѓувреме на Бирото за јавни набавки службата за општи и заеднички работи на  Влада објави огласи вредни по неколку илјади евра. За тазе месо ќе се потрошат 40 илјади евра.  Исто толку ќе бидат дадени и за Гумени чизми кломпи, машки и женски сакоа  и за осигурување на возилата на Владата 35 илјади евра.  Како што стои  во огласот за свежо месо -се купуваат шест вида и тоа -јунешко, телешко свинско, прасечко, јагнешко и јарешко.

Проценатата вредност без ДДВ е 2,400. 000 денаржи или државата за тоа ќе потроши 39 000 евра.

Договорот што ќе биде склучен ќе биде за период од една година.

Објавен е и оглас и за набавка на осигурување на моторни возила. За ова ќе бидат потрошени над 2 милиони денари или 35,772 евра.

Полицијата пак ќе јаде овошје и зеленчук од 80 илјади евра.. Паралелно министерствотот ќе потроши над 200 илјаду евра за хартија за фотокопирање.

Во сите огласи критериум за доделување на договоро е најниската цена. Токму таа е една од работите кои ќе се менувата во новиот  законот за јавани набавки кој е во подготовка. Се предвидува наместо цената услов за добивање  на договорот да биде квалитето. Ќе се зголеми и лимитот  наместо до 500 тини 1000 евра ќе биде прагот за јавни набавки без тендер.

Новиот закон за јавни набавки ќе стапи на сила на први јануари догодина.