Македонија
1. August 2015 - 16:42

Електронските картички за автобус во продажба

Паметните бус-картички пуштени во употреба. Старуваше новиот систем на наплата во скопските автобуси. Од денеска корисниците ќе може да се возат  со електронски билет.

За да се добие картичката граѓаните ќе треба да се фотографираат во еден од 8-те пункта на ЈСП, да платат 200 денари а потоа да стават пари на билетот онолку колку што сакаатда се возат.

Системот целосно ќе профункционира од први јануари,  се дотогаш паралено ќе се користат дват модела на наплаќање, елетронскиот и досегашниот со хартиени билети.

-Прво предност ќе им дадеме на пензионерите и од понеделник ќе почнеме да ги сликаме нив а од септември ученците, изјави Игор Јанушев, директор на ЈСП Скопје.

Од вторник  пак, ќе се знае и кој автобус колку задоцнил  на автобуската станица. Вградени се системи за лоцирање на возилата.

- На секоја автобуска станица на соодветната линија ќе има сигнална ламба која ќе свети зелено или црвено, во зависност од тоа дали автобусот на станицата пристигнал на време или доцни. Со тоа ќе се овозможи автобисите да доѓаат точно на време на соодветните автобуски станици. Ќе се овозможи во случај на одредени проблеми, да може веднаш да се реагира, изјави градоначалникот Трајановски.

Градските валсти за овој проект одвоија 3 милиони евра. Очекуваат да се избегнат турканиците и да се намали времето на стоење на автобуските постројки.

Со електронските картички ќе се направи и поголема организација во сообраќајот, со што ќе се знае на која станица има најголема фрекфенција на патници.