Елејн Дјук: Терористите планираат напад како на 11 септември 2001 година
Министерката за внатрешна безбедност на САД, Елејн Дјук изјави дека екстремистите планираат да извршат терористички напад сличен на оној од 11 септември 2001 година, кога загинаа речиси 3.000 луѓе.
- Исламската држава и другите терористички организации сакаат да направат голема експлозија како онаа од 11 септември. Разузнавачките податоци покажуваат дека тие сакаат да соборат авиони, изјави Дјук во американската амбасада во Лондон.
Според неа, во ИД моментално владее преоден период кога милитантите мора „да обезбедат финансиски токови, да продолжат да се рекламираат, да ја сочуваат бројноста, поради што и изведуваат помали планови".
- Заканата е сé уште тешка, рече Дјук во Лондон по средбата со домашниот секретар Амбер Руд.
Терористи од редовите на Ал Каеда, на 11 септември 2001 година, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, удрија во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата