Фудбал
23. August 2017 - 15:03

ЕЛ: Русите одбиваат да играат на Маракана

Фудбалскиот клуб Краснодар бара итна реакција од УЕФА и поместување на реванш мечот против Црвена звезда во квалификациите за Лига Европа  со Црвена Звезда од популарната Маракана, сега стадион Рајко Митиќ.

Краснодар се жалеше бидејќи теренот е во лоша состојба и не обезбедува оптимални услови за игра, пренесува денеска белградскиот „Спортски журнал“. Како што се наведува УЕФА во текот на денот ќе испрати специјален контролор кој ќе изврши инспекција на теренот и ќе донесе конечна оценка за одигрувањето на мечот. Наводно во целиот случај се вмешал и ФС на Србија на чело со Славиша Кокеза кој од претседателот на УЕФА Александар Чеферин побара помош  и разбирање. 

Инаку Звезда доцни со менувањето на тревнатата подлога што е планирано да стартува дури од следната недела.