Кошарка
24. February 2018 - 9:41

ЕЛ: Реал ја „декласира“ Барса

Кошаркарите на Реал Мадрид ја декласираа Барселона во меч од Евролигата и тоа сред престолнината на Каталонија со 101-74.
Гостите од Мадрид во еден момент имаа дури 32 поени предност со што му се реваншираа на големиот ривал за поразот во финалето на Кралскиот куп.
Џејси Керол одигра одличен меч со 18 поени кај победникот додека во редовите на Барселона се истакна Везенков со 11.
Реал сега го дели 4. место во ЕЛ со Жалгирис, Химки и Пао.