Спорт плус
24. јуни 2017 - 18:15

ЕЛ: Македонија продолжува со победите

Македонската одбојкарска репрезентација ја оствари и втората победа на турнирот во Тирана од Б групата од Европската лига. Попладнево Македонија со максимални 3:0 во сетови го победи Азербејџан. Резултат по сетови: 25:20; 25:19 и 25:21 или вкупно 75:60 за 81 минута.
Во вториот дуел од денешната програма играат Албанија и Шведска.
Македонија со максимални пет победи е прва во групата со 15 бодови и обезбедено учество на завршниот турнир во Данска. Албанија е на втората позиција со 8 бодови, Шведска има три, а Азербејџан е последен со 1 бод.
Утре во последното коло од турнирот во Тирана Македонија од 18 часот игра против Албанија.