Македонија
6. April 2017 - 21:00

Експлозија во станбена зграда во Санкт Петербург

Силна експлозија одекна во станбена зграда во Санкт Петербург, во близина каде денеска беше пронајден експлозив. Инцидентот се случи за време на реновирање и никој не е повреден, соопштија локалните спасувачки служби.

Пронајдените експлозивни направи се слични на неексплодираното средство пронајдено во градското метро во понеделникот.

Според руското Министерство за вонредни ситуации при експлозијата никој не е повреден, а оштетено е едно возило од паднати материјали од зградата.

Во текот на денешниот ден извршени се рации и потрага по помагачите на бомбашот Акбарјон Џалилоц (22), кој во понеделникот уби 14 луѓе во метрото во Санкт Петербург.

Според истражителите, рациите се насочени на потрага по државјани на централноазиски републики, кои биле во контакт со Џалилов.