Свет
22. December 2016 - 9:58

Експлозија во Москва - Две лица повредени

Најмалку две лица се повредени изутрината во експлозија во подвозник во близина на метро станица во јужниот дел на Москва, изјавија претставници на службата за вонредни ситуации, јави ТАСС

Тие нагласија дека две лица се повредени, од кои едно потешко. 

Полицијата забрани пристап до местото на експлозијата, а влезот во метро станицата е затворен.