Балкан
13. March 2016 - 18:56

Експлозија во Анкара, има мртви и повредени

Голема екплозија одекна во Анкара, при што, според безбедносни извори, има мртви и повредени.

Би-Би-Си јавува дека експлозијата одекнала во паркот Кизили, но причината за експлозијата се уште не е позната.

Очевидци соопштија дека експлозијата се случила во близина на автобуската постојка на булеварот Ататурк, во близина на објекти на неколку министерства. Од експлозијата зафатени се и неколку возила.