Балкан
17. December 2016 - 9:21

Експлозија на автобус во турскиот град Кајсери, има жртви

Автобус, со кој патувале воени лица, експлодира денеска во близина на Универзитетот во турскиот град Кајсери.

Според извори на безбедносните служби има загинати и повредени лица. На местото на несреќата пристигнуваат возила на итна медицинска помош.

Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана од автомобил, кој бил наполнет со експлозив и експлодирал во моментот кога поминувал автобусот.