Свет
22. January 2017 - 11:19

Експлодира автомобил бомба во близина на италијанската Амбасада во Триполи

Во близина на неодамна отворената амбасада на Италија во либискиот главен град експлодира автомобил во кој била поставена бомба. Полицијата во остатопците од автомобилот пронашла две тела.

Експлозијата се случила синоќа на 350 метри од амбасадата на Италија во кварт во кој се наоѓаат и амбасадата на Египет и Министерството за планирање. Засега никој не презеде одговорност за поставената бомба ниту е познат идентитетот на убиените лица пронајдени во автомобилот.

Италија е првата западна држава која одново отвори амабсада во триполи по судирите во Либија во 2014 и 2015 година кога многу странски амбасади се повлекоа од таа држава.