Експертски ставови за владиниот план за економски раст: Поголеми субвенции за производите со поголема додадена вредност
Субвенции треба да има но да бидат наменети за компаниите кои генерираат повисока додадена вредност.
Експерската јавност со препорака- мерките од економскиот пакет кои се наменети за подршка за извозните фирми да не бидат за сите туку само за оние компании кои произведуваат финален производ.
И експертите како и домашните бизнисмени сметаат дека истражувачките центри треба да им бидат овозможени и на домашните фирми, а не само на странските компании.
Предлагааат и поголема помош за малите бизниси со цел да можат да воведат современа технологија и стручен кадар за да станат извозно орјентирани.
Пакетот мерки кој треба да помогне за поголем економски развој досега владата го презентираше пред бизнисмените, академенската јавност и меѓународните институции.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар