Бизнис
21. September 2017 - 19:36

Експертски ставови за владиниот план за економски раст: Поголеми субвенции за производите со поголема додадена вредност

Субвенции треба да има но да бидат наменети за  компаниите кои генерираат повисока додадена вредност.

Експерската јавност со препорака- мерките од економскиот пакет кои се наменети за подршка за извозните фирми да не бидат за сите туку само за оние компании  кои произведуваат финален производ.

И експертите како и домашните бизнисмени сметаат дека  истражувачките центри треба да им бидат овозможени и на  домашните фирми, а не само на странските компании. 

Предлагааат и поголема помош за малите бизниси  со цел да можат да  воведат современа технологија и стручен кадар за да станат извозно орјентирани.

Пакетот мерки кој треба да помогне за поголем економски развој досега владата го презентираше пред  бизнисмените, академенската јавност и меѓународните институции.