Македонија
28. јуни 2017 - 17:08

Експертите за посетата на посредникот: Извидувачка мисија на Нимиц на Балканот

Извидувачка мисија на Нимиц на Балканот. Вака експертите ја коментираат посетата на медијаторот во спорот за името најавена за крајот на оваа недела. Според нив, нов предлог за името н треба да се очекува. Нимиц само ќе провери на какви отстапки е подготвена новата Влада и дали постои шанси во блиска иднина да се најде заеднички прифатлив предлог.

И актуелната но и претходната власт ветија дека ниту едно решение за името нема да помине без референдум. За тој да биде успешен, потребно е пред гласачките кутии да застанат најмалку 900.000 граѓани.