Македонија
26. May 2017 - 17:08

Експертите педупредуваат: На Охридско Езеро му се заканува опасност од климатски промени

Климатските промени сериозна закана за Охридското езеро.Предвудувањата укажуваат дека до 2050 година врнежите во охридскиот регион  би се редуцирале од 20 до 23 проценти, а  температурите би се зголемувале на тој начин ќе има помал доток на вода а тоа би довело до побрзо стареење на езерото .Според добрите познавачи потребен е мониторинг на површинските и подземните води за да се знае водниот биланс во еден слив и полесно да може да се управува со сушите кои што ќе бидат зачестени а се најавува и појава на силни врнежи нерамномерно распределени предизвикани со временски непогоди.

Секоја поголема осцилација на нивото на езерото влијае и врз животинскиот свет на промер во последните години заблежано е дека пастрмката   подоцна полово созрева како резултат на климатските промени .

Климатските промени и човечките активности се едни од главните фактори кои го забразуваат стареењето на охридското езеро.Експертите сметаат дека потребна е прекугранична соработка со Албанија и констатно одржување на нивото на езерото.