Македонија
11. November 2015 - 16:24

Експерти за барањето на Геровски за федерализација: Опозицијата излегува со опасни тези

Отварањето на прашањето за федерализација на Македонија од страна на СДСМ - значи додворување кај албанскиот фактор пред претстојните избори, смета експертската јавност.

Барањето на опозицискиот новинар Бранко Героски, кој во колумната насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“ побара федерализација сеуште ја бранува македонската јавност. 

Универзитетскиот професор Оливер Андонов, вели дека доколку се остварат пишувањата на Героски, Македонија би можела да остане без својата државност.

Отварањето на прашањето за федерализација од страна на Героски се надоврзува на барањето на Љубомир Фрчкоски за Албанец премиер, кое исто така беше оценето како додворување на СДСМ до албанскиот блок.

Во исто време, лидерот на СДСМ Зоран Заев на косовската телевизија даде ветување за создавање на нова рамка на рамковниот договор и учење на албански јазик уште од градинка.