Бизнис
19. October 2017 - 19:55

Експерти: Растот на БДП е само бројка, Владата да се грижи за подобрување на животниот стандард на граѓаните

Приоритет за државата треба да биде подобрување на квалитетот и стандарод на ѓраѓаните, а не бројките за економски раст.    Во период која се крои буџетот за наредната година, бројките  не значат ништо, вели економскиот експерт Николов.  Колку ќе изнесува бруто домашниот производ, дали ќе биде 2 или 3,% , за граѓаните и не е толку важно. Други работи  треба да бидат приоритетни. Проекцијата за раст  е само индикатор, кој покажува дали економијата се движи во вистинска насока

Тоа е квалитетот на живот, индикаторот на среќа, благосостојбата на животот, загадувањето на животната средина, родовиот третман и неедкавноста, изјави Марјан Николов, Центар за економски анализи.  Бројката од 5% раст  на економијата не значи ништо ако имате загадена животна средина, родива нееднаквост и слично.

Потребно е да се зголеми и буџетската транспартенстност, односно граѓаните да знаат како и за која намена се трошат нивните пари. За ова, може да учиме од Албанија.

 Во Албанија  во секој момент, во  реално време е објавен јавниот долг, колку изнесува, каде и за која намена се исплаќат средства, изјави Алекснадар Николов, невладина организациај ЗЕНИТ

За управување со јавните финансии, зголемување на буџетската транспарентност и отвореност ресорното министерство  го вклучи и граѓанскиот сектор. За таа цел од Европската Унија  преку ИПА 2 програмата имаме на располагање 20 милиони  евра.