Македонија
6. December 2015 - 16:22

Експерти: Предлозите на СДСМ за законот за медиуми нема да донесе слободно новинарство

Предлозите на СДСМ ќе воведат комплетна цензура во македонските медиуми. Експертите, новинарите и граѓанскиот сектор  со единствен став. Македонија има европски закон за медиуми и нема потреба од негови измени

Законот за медиуми во Македонија е донесен пред нешто повеќе од една година а во неговата изработка учествуваа новинарите, граѓанскиот сектор и претставниците на меѓународниот фактор. Европската унија донесувањето на законот го поддржа со речи си еден милион евра и во заедничка изјава со амбасадата на САД во земјава го поздравија  по неговото донесување. Задоволството од новиот закон не го криеше ниту претставникот на ОБСЕ за медиуми.

Една година подоцна СДСМ смета дека европскиот закон во Македонија треба да се менува. Во функција на изборите кои се закажани во април, СДСМ во преговорите предложи комплетна цензура и можност кадар од Бихаќка по сопствено убедување кога сака да може да ги затвори телевизиите за кои Заев сам изјави дека се најголеми непријатели на СДСМ.

Опозицијата бара да се забранат информативните емисии во кои нивните функционери не сакаат да се појавуваат а новинарите да не можат да пишуваат доколку некој од кадрите на СДСМ и нивните поддржувачи не се согласи да им даде дозвола за тоа.

За новинарите ваквиот предлог на СДСМ е уште еден обид да се прикрие невидената неспособност на нивниот лидер

И Здружението на новинарите на Македонија кое важи за силно контролирано од СДСМ го осуди обидот на Заев да воведе медиумски мрак во Македонија.

Селмани во изјава за медиумите по скандалот кој го предизвика Заев им порача на социјалдемократите да размислат кој ја води нивната партија.

На обидот на СДСМ да инсталира севернокорејски закон во Македонија остро реагираа и електронските медиуми кои неколку дена протестираа со црни екрани. Дека Заев остана сам во намерата да го забрани новинарството во Македонија покажува и фактот што опозицијата нема поддршка од ниту еден политички субјект во Собранието.

Пратеникот Павле Трајанов ги повика новинарите и новинарските здруженија да достават предлози за кои рече дека лично ќе ги предложи како законски решенија во Собранието