Македонија
8. November 2016 - 16:36

Експерти: Овие се избори каде ќе се одлучува помеѓу Груевски и Заев

На 11 декември изборот ќе биде своевиден референдум.  Граѓаните ќе бираат меѓу политиките на ВМРО ДПМНЕ на проекти и политиката на СДСМ за креирање кризи.  Политичките аналитичари оценуваат дека меѓу изборот Груевски со проекти и дела зад себе, Заев со куп афери таквиот расплет на политичката криза ќе значи и пораз на опозицијата, бидејќи изборот

Универзитетскиот професор Александар Дашетвски вели дека тоа лесно можело да се види и од последните два настапи на лидерите Груевски и Заев. Едниот го оценува како моќно победнички, а другиот како неубедлив и слаб.

За разлика од Конвенцијата ан ВМРО ДПМНЕ, Даштевски вели дека Конгресот на СДСМ ја покажал внатрепартиската раслоеност, што резултирало со неубедлив настап на Заев.

Даштевски оценува дека во предизборната кампања уште повеќе ќе се продлабочи разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, посочувајќи дека тоа ќе се чувствува и во говорите на лидерите иу во атмосверата на митинзите.