Македонија
2. September 2015 - 16:39

Експерти: Одлуката на судот - уставна и целосно заснована на законот и светската пракса

Уставна и целосно заснована на закон е вчерашната одлука на судијата на претходна постапка со која се отфрла употребата на незаконски прислушуваните материјали како докази.

Ниту македонската легислатива ниту светската пракса дозволува користење на докази кои биле стекнати спротивно на законот.

Членот 12 од Законот за кривична постапка јасно дефинира дека Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.

Ваквите материјали треба и мора да се прогласат за незаконски и да не се користат во ниту една постапка, односно да се издвојат што јасно се пропишува во член 93 од законот.

Кога во овој закон е определено дека врз некој доказ не може да се заснова судската одлука, судијата на претходната постапка, по службена должност или по предлог на странките, ќе донесе решение за издвојување на тој доказ од списите, најдоцна до завршувањето на истражната постапка.

Адвокатите со долгогодишно искуство велат дека оваа одлука не е никакво изненадување и дека се базира на одредбите од законот. Адвокатот Данговб кој не само што е искусен пред макеоднските туку и пред Судот за човекови права во Стразбур велид ека доколку судот постапел поинаку тоа ќе моралчо да биде корегирано во понатамошната постапка.

За познавачите на кривично правната материја законските одредби се јасни. На новиот закон за кривична постапка работеа токму експертите од правниот факултете Гордан Калајџиев и Гордана Бужаровска.

И ова не е ништо ново. И во законот за кривична постапка од 1997 година, кој сдсм го донесе самиот во еднопартиски парлемент без опозиција стоеше истата норма, односно основот врз кој судот донесе ваква законски заснована одлука.

Во член 15 од законот од 1997 беше предвидено истото што е предвидено во членот 12 од законот донесен во 2010 година. И двата закона на исти начин предвидуваат дека доказите прибавени на незаконит начин не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука. И во законот од 1997 исто така покрај ова постои и одредба која предвидува прогласување на ваквиот доказ како незаконски, негово некористење во процедурата и издвојување на доказот кој е вака обезбеден на незаконски начин.

Македонскиот суд во овој случај донел законска одлука за некористење на прислушуваните материјали, и тоа користејчи ист правен основ како што се користи воп САД, и во државите членки на ЕУ, во чии што закони се предвидува исто како во македонските закони, дека доказите прибавени на противправен начин, не се допуштени во рамките на кривичната постапка, велат познавачите на кривично правната материја. Такви се Белгија, Кипар, Шпанија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија....

Прислушуваните материјали на заев не би можело да се користат во судската постапка ниту во САД и во европските земји.

Во САД, ваквите материјали како на Заев, се сметаат како прибавени на противправен начин и ги нарекуваат „плодови на отровно дрво„ и тие неможе да бидат доказ ниту во една судска постапка, било кривична, граѓанска или управна. 

Уставот на Португалија во член 32 предвидува дека доказите прибавени преку упад во приватниот живот(како овие на Заев), особено преку следење на комуникациите, ќе се сметаат за ништовни. Се смета дека кривичниот прогон во никој случај не ја легитимира употребата на неовластено прибавени докази.

Во Ирска, пак, прибавувањето на докази за кое ќе се констатира дека било свесно и намерно направено на начин со кој се кршат уставните и законските гаранции за заштита на правото на приватен живот неминовно ќе доведе до изземање на таквите докази, односно нивно прогласување за недопуштени во текот на кривична постапка во која истите биле предложени.

И Европскиот суд за човекови права заземал становиште дека користењето на противправно прибавени докази(како овие на заев), особено доказите прибавени со повреда на членот 8 од Конвенцијата кој го гарантира правото на почитување на приватниот живот може да доведе до неправична кривична постапка.

Според познавачите СДСМ знае дека одлуката на судот е законска но причините од кои ја оспорува треба да се бараат во потребата од политички маркетинг и продолжување на деструктивната политика.