Живот
21. July 2017 - 9:22

Ексхумирано телото на уметникот Салвадор Дали

Останките на познатиот шпански уметник од областа на надреализмот, Салвадор Дали (1904 - 1989) беа ексхумирани доцна синоќа во каталонскиот град Фигерас. Причината за тоа е судската одлука по барањето на Пилар Абел, која тврди дека е негова ќерка. 

Во присуство на правни лица, форензичари зедоа ДНК примероци од балсамираното тело на Дали.

Абел, којашто е родена 1956, тврди дека нејзината мајка била во врска со уметникот. Таа тоа го дознала од нејзината баба во 2007 година, и сега се обидува да докаже дека тој е нејзин татко. Ако ДНК тестот покаже дека Абел е во право, според шпанските закони таа би имала право да бара една четвртина од неговото наследство.

Резултатите се очекуваат по неколку седмици.