Loading Video...
Свет
6. March 2018 - 16:32

Екс руски шпион најверојатно отруен во Велика Британија?

Поранешниот руски агент Сергеј Скрипал осуден за шпионижа во корист на  Велика Британија  и неговата керќа  биле пронајдени во многу лоша состојба  пред трговски ценатр во англискиот град Солсбери.

Нозете и беа здрвени...знаете кога животните умираат имаат рига мортис. Двете нозе и се споија кога луѓето почнаа да ја влечат, а кога беше на подот очите  и беа целосно бели. Беа широко отворени но потполно бели и и пенеше устата. Потоа мажот се здрви, рацете престанаа да му се мрдаат но сеуште гледаше право, раскува очевидец.

Тие  биле хоспитализрани веднаш  поради сомневање за труење . Полицијата соопшти дека во тек е голема истрага за да се  утврди што точно ја предизвикало таквата состојба.

Гардијан пак  објави дека  биле отруени  со силниот опијат фентанил.  Во 2006 година Сергеј беше осуден на 13 години затвор во Русија за шпионирање  за британската влада.

Во 2010 години беше еден од четворица затвореници  ослободени од Моксва во замена за 10 руски шпиони уапсени од страна на ФБИ. Подоцна Скрипал добил азил во Велика Британија.