Свет
28. February 2017 - 13:34

Економист: Британскиот Брегзит ќе предизвика шкотски Шкогзит

Британската решеност земјата да ја напушти ЕУ по 43 години членство, откако на референдумот од пред осум месеци мнозинството Британци гласаа за Брегзит, ризикува да предизвика Шкогзит, по навестувањата во Единбург за повторно референдумско изјаснување за независност на Шкотска, пишува лондонски „Економист“.

Во септември 2014 година, 55 отсто од гласачите во Шкотска се изјаснија за останување на нивната земја во Британија.

По референдумот за ЕУ од јуни 2016 година, меѓутоа, на кој повеќето британски гласачи, а пред се Англичаните, се определија за Брегзит, додека над 62 отсто шкотски гласачи беа против, Шкотланѓаните по само 2,5 години сметаат дека е време да си ја преземат одговорноста за својата иднина во свои раце.

На тој начин, прашањето за британската територијална целовитост и „шкотското прашање“ одново се вратија на политичката маса, многу побрзо отколку што се очекуваше, иако „Економист“ смета дека како сега стојат работите, мали се шансите за успех на Шкогзит (излегувањето на Шкотска од Британија).

Аргументите во Единбург за покренување втор референдум за отцепување се силно изразената волја на Шкотланѓаните да останат во ЕУ, инсистирањето дека тоа е прашање од стратешки интерес за Шкотска, како и се поголемото повлекувње на шкотското гласачко тело од британскте состојби.

Во минатото и по дваесетина пратеници од Шкотска, биле во Парламентот во Лондон, во редовите на конзервативците, лабуристите или либералдемократите, но сега само двајца од 59 пратеници колку се избираат во тој дел од земјата, се во некоја од главните британски партии. Сите другите се избрани од кандидатите на Шкотската нацинална партија (СНП) која управува со Шкотска веќе три едно по друго мандати.

Пред првиот референдум во 2014 година, Шкотланѓаните беа уверувани дека најдобар начин за останување на земјата во ЕУ и за задоволувањето на нивните стартешки инетереси е таа да остане дел од Британија, затоа што никој во Европа не посакува отцепување на британската територија. Гласачите тогаш беа застрашувани со тоа дека ке мораат да почнат од нула, да ја поминат постапката за прием, а Шпанија се закануваше дека е стави вето на шкотскиот прием во ЕУ.

Според овој неделник, Шкотланѓаните имаат право да се чувствуваат измамени, но во изминатите 2,5 години, во економијата на Шкотска се случи „земјотрес“ што остана речиси незабележан поради општата стабилност на целата британска економија.

Во два од изминатите пет квартали, шкотската економија не бележи никаков пораст. Цената на нафтата, главниот адут на Единбург за независноста, е преполовена, па наместо тогашните 110, сега се продава за 55 долари за барел, што значи дека и плановите за приходи од 12,5 милијарди фунти од нафтата, на која се смета во СНП, сега се повеке од преполовени. Тоа предизвика и пад на реалната вредност на платите за пет отсто.

„Економист“ проценува дека за земја со пет милиони жители, која има само две носечки индустриски гранки, покренувањето на Шкогзит и отцепувањето од Британија би било „коцкарска работа„.

Во Единбург инсистираат дека коцкање е и останувањето во Британија по Брегзит, но лондонскиот неделник, сепак, посочува дека британската економија и нејзиниот извоз, во целина, се многу посилни од оној на осамосталена Шкотска, што само ќе предизвика шкотската независнст да биде по ранлива и помалку веројатна.