Бизнис
8. March 2018 - 19:48

Економијата лани без раст - БДП на нула

Македонската економија  лани стагнирала. Статистика објави дека растот изнесувал 0%. Со официјалните бројки , владините проекции за раст од 1,6% , паѓаат во вода. Растот на Бруто домашниот производ во последниот квартал изнесува  од 1,2 отсто, но тоа не е доволно за да се покрие негативата од вториот квартал. Во цела 2017 та година, бруто инвестициите се намалиле за 4,5%, додека финалната потрошувачка, извозот и узвозот бележат пораст. Гледано по сектори, најголем пад има во градежништвото. Од ВМРО  ДПМНЕ за ваквите бројки ја обвинија владејачката партија и нивните лоши економски политики

 Имено, според податоците во четвртиот квартал градежништвото забележало пад од околу 20%. Тоа е цената на стопирање на изградбата на автопатите и останатите капитални проекти.    

       Дополнително, индустриското производство забележува низок раст од скромни 2,3%, значи ова се однесува на последното тримесечие т.е лани, кој да потсетиме е движен во најголем дел од растот на производството на новите странски инвестиции во развојните зони, кои Владата предводена од СДСМ смета дека се несоодветни за македонската економија.          

      На расходната страна, е она што повеќе не загрижува, пад од 1% забележуваат бруто-инвестициите кои се и показател за идните движења во економијата. Падот на инвестициите укажува дека македонската економија и во следните години ќе остварува ниски стапки на раст. Дополнително јавната потрошувачка изразена преку ниското ниво на реализирање на капиталните инвестиции претставува негативен двигател на БДП, изјави Трајко Славевевски, ВМРО ДПМНЕ

          Од Владата реплицираат – велат ги решаваме аследените проблеми. Со импелементација на реформските политики, економијата почнува да расте. Доказ за тоа е последниот квартал, кој го одразува враќањето на стабилноста  и добербата, се наведива во  нивното соопштение. Очекуваат оваа 2018 растот да забрза и да достигне 3,2%.

Инаку и проекциите на меѓународните институции беа повисои од податоците кои ги објави државната статистика. . ММФ прогнозираше економски раст од 1,9% , Светска банка 1,5, додека најблиску до реалната, беше Народната банка, која предвиде пораст од  0,5 отсто.