Македонија
15. јуни 2017 - 16:39

Еколошка катастрофа: Струшката депонија во пламен - стружани се гушат

Стружани се гушат во чад од пламенот кој се шири од дивата депонија. Од вчера повторно гори просторот на кој се исфрла сметот и е во непосредна близина на градот. Непристапниот терен ја отежнува работата на пожарникарите. Засега е непозната причината за пожарот. Револтот на граѓаните не стивнува, околу пладне излегоа на масовен протест. Бараат да се реши проблемот и да можат нормално да дишат.

Вчера Струга ја посети и новиот министер за животна средина Садула Дураку. Но, не соопшти конкретни решенија за депонијата. Најави дека експертски тимови ќе ја испитуваат состојбата, а проблемот ќе се решава на Владина седница.