Еко акција на „Елколект“ во Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце
Акција за ослободување од отпадни електрични и електронски апарати за жителите на општините Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце од 2 мај до 28 јуни организира компанијата „Елколект“.
Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект во општините учествува во наградна игра „Да рециклираме и да се наградуваме“.
За наградната игра се обезбедени по пет награди за секоја општина и тоа ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на „Елколект“ и на веб страната на општините.
Минатата година оваа еко акција беше реализирана во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.
Еко акцијата има за цел да се поттикнат граѓаните својот опасен отпад да го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан