-->
-->
ЕКК: Победи за македонските екипи Алкалоид и Гамбит Асеко
-->
Македонскиот шампион Алкалоид и тимот на Гамбит Асеко забележаа победи во четвртата рунда од Европскиот клупски куп во шах што се одржува во Нови Сад, Србија.
Шахистите на Алкалоид со 3,5:2,5 беа поуспешни во мечевите со рускиот тим Жигули, додека Гамбит Асеко ја совлада Дунајска Стреда со 4:2.
„Фармацевтите“ со максимални четири победи и освоени 65 поени се наоѓаат на второто место веднаш зад лидерот Медниј Всадник кој исто така има четири победи, но и еден поен повеќе, односно 66.
На високото 19.мест во конкуренција на 62 екипи се наоѓа вториот македонски претставник во елитното натпреварување, тимот на Гамбит Асеко.
До крајот остануваат уште три рунди, а во денешното петто коло се среќаваат двете првопласирани екипи Медни Всадник и Алкалоид. Гамбит Асеко за противник ќе ја има екипата на Свети Николај Српски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани