Спорт плус
12. October 2017 - 19:53

ЕКК: Нова победа за Алкалоид, пораз на Асеко Гамбит

Европскиот првак Алкалоид продолжува со победи на ЕКК што се одржува во Аталија.

Вечерва македонскиот шампион славеше против италијанската Падова со 5,5-0,5 во меч во кој ремизираше Јаковенко. Алкалоид сега има 4 победи по 5 одиграни кола.
Вториот наш претставник Асеко Гамбит загуби убедливо со 5-1 од Баја Маре а честа на нашиот тим ја спаси Динев кој победи на последната табла. Асеко Гамбит остана на 3 победи.