-->
-->
ЕКК: Алкалиод против Падова, Гамбит Асеко на мегдан со Баја Маре во 5.коло
-->
На Европскиот клупски куп во шах што се игра во Анталија денеска на програмата се мечеви од 5.коло. Европскиот и македонски првак Алкалиод за противник ја има италијанската екипа Падова, додека Гамбит Асеко ќе игра против романскиот тим Баја Маре.
Распоред на партии: Алкалиод - Падова
Лирен Денг - Даниеле Вокатуро
Павел Ељанов - Алберто Давид
Дмитри Андрејкин - Сабино Брунело
Јангји Ју - Данил Двирни
Дмитри Јаковенко - Алесио Валечи
Јури Криворучко - Роберто Морганзини
Распоред на партии: Гамбит Асеко - Баја Маре
Петар Арнаудов - Ливиу-Дитер Нисипеану
Никола Николовски - Виктор Ердос
Богдан Подлесник - Константин Лупеску
Орце Данчевски - Леванте Вајда
Марјан Митков - Влад-Виктор Барнауре
Дејан Динев - Тибериу-Марјан Георгеску
Екипата на Алакалиод по 4.коло се наоѓа на 4.место на табелата и ја предводи групата од седум екипи кои имаат по шест бодови каде се наоѓа и Гамбит Асеко (10.место) по вчерашниот прв пораз.
На врвот на табелата се екипите Глобус и Одлар Јурду кои имаат максимални 8 поени, а на третото место е Легаси Сквер Капитал со 7,5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто