-->
-->
Екипи на ЕВН на терен, ги острануваат дефектите од невремето
-->
По синоќешното невреме во кавадаречкиот регион во кое неколку села останаа без струја екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите.
Од невремето што го зафати кавадаречкиот регионот без електрична енергија беа селата Ваташа, Трстеник, Возарци, Дисан, Сопот и Елро. Од силниот дожд и ветер, информираат од ЕВН Македонија, имаше дефекти на 10 киловолтниот далновод. За кратко време на истиот ден сите далноводи беа санирани и пуштени под напон, соопштуваат од ЕВН Македонија.
Екипите на ЕВН Македонија, се вели во информацијата, се на терен и работат на отстранување на дефектите од силното невреме кое вчера ја зафати Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море