Македонија
9. November 2016 - 16:20

ЕК за Македонија: Условена препорака за почеток на преговорите со изборите, договорот од Пржино и итните реформски приоритети

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, денеска ги претстави прогрес-извештаите за земјите од процесот на проширување за 2016 година, при што во однос на Република Македонија, го повтори она што Сител прв го објави пред неколку месеци, дека Европската комисија издава нова, осма по ред препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Препораката, како што потврди и Хан, втора година по ред е условена, а овојпат со целосно исполнување на политичкиот договор од Пржино, преку спроведување на кредибилни избори на 11 декември, како и имплементација на Итните реформски приоритети.

- Земјата се уште не е излезена од домашната политичка криза и покрај добрите чекори што неодамна беа превземени. Сега е можноста за лидерите во земјата да ја надминат кризата и да земат предвид одржување на кредибилни парла избори и прогрес во имплементацијате на Итните реформски приоритети на Европската комисија. Како и Србија, земјата има активна улога во миграцискате криза и одлична соработка со соседските земји и земјите-членки на Европската унија за ова. Во тој поглед, Европската комисија продолжува да дава препорака, во поглед на отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ, но со услови како лани, а тоа е целосно имплементирање на договорот од Пржино и исполнување на Итните реформски приоритети - порача комесарот Хан.

Еврокомесарот потоа на прес-конференција ги претстави извештаите, при што за Македонија говореше дали ќе се побара прпдолжување на мандатот на Катица Јанева. А, запрашан зошто бара широка поддршка за работата на канцеларијата на Специјалниот обвинител, иако според последната анкета на јавното мислење во Македонија, таа има проблем со нејзината независност и 65 проценти од луѓето сметаат дека таа не е независна од причина што вработила 100 лица во својата канцеларија од кои 90 проценти се сегашни или поранешни членови на опозицискиот СДСМ, како и дека Специјалната обвинителка поднела неколку обвиненија што се целосно неиздражни и на кои дури студенти на Правниот факултет се смеат и како очекува од општеството или од политичките партии да ја подджруваат, Хан со одговор:

- Најпрво треба да има фер и транспарентни избори, според меѓународни стандарди и да се формира новата Влада, па потоа оваа нова Влада да се справи со прашањето дали треба да се продолжи мандатот за поднесување на обвиненија на Специјалното обвинителство (одговор на второ прашање)...

- Јас не сум судија и не сакам да судам за работата на правниците. Таа треба да ја работи својата работа и потоа да поднесе фет резултати до јавниот суд и судот да поведе судење и да донесе пресуда. Мислам дека е важно за сите да се однесуваат на значаен, одговорен и професионален начин. Дефинитивно не е лесна ситуација, за земјата и за некои клучни лица во земјата, но верувам дека и тука е неопходен елемент за понатамошна нормализација на политичката ситуација во земјата. Затоа, се надевам дека сите се свесни за својата одговорност, да превземат потребни мерки и да се почитуваат меѓу себе во извршувањето на својата работа. (одговор на моето прашање).