Балкан
15. July 2015 - 13:32

ЕК предлага кредит од седум милијарди евра за Грција

Европската комисија предлага да и додели на Грција тримесечен кредит од седум милијарди евра, со кои ќе се покријат финансиските потреби на државата во јули, се наведува во документ објавен на сајтот на ЕК, јави ДПА.

Средствата ќе се обезбедат од Европскиот механизам за финансиска стабилизација.

Траншата од седум милијарди евра ќе се реализира ако Грција го прифати првиот пакет ветени економски реформи до крајот на денешниот ден и направи „недвосмислени чекори за подготовка за реализирање“ на други реформи, се вели во документот. 

Според европски извори кредитот треба да биде одобрен од државите членки на ЕУ со квалификувано мнозинство. Велика Британија и Чешка веќе се спротивставија на идеата.