Балкан
19. October 2015 - 20:47

ЕК ги повика Словенија, Унгарија и Хрватска да соработуваат

Европската комисија денеска ги повика Слованија, Хрватска и Унгарија да соработуваат во контрола на границата и да ги усогласат своите мерки во решавањето на бегалската криза со правилата на Европска унија.

ЕК наведува дека не е заинтересирана за нивните меѓусебни обвинувања и ги повика на координирана акција и единствен европски одговоре.

- ЕК е уверена дека е потребно сеопфатно решение и дека Европа треба да одговори како Унија, истакна портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.

Комесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос за време на викендот беше во контакт со министрите за внатрешни работи на Словенија, на Хрватска и на Унгарија.