Македонија
8. October 2015 - 14:29

ЕК: Дополнителни 17 милиони евра за Македонија и Србија

Европската комисија одобри денеска дополнителни 17 милиони евра помош за Македонија и Србија за решавање на проблемот со бегалците.

Од таа сума десет милиони ќе бидат наменети за јакнење на капацитетите на двете држави за прифаќање и сместување бегалци и за контрола на границите. Остатнатите седум милиони се хуманитарна помош. 

Одлуката е објавена пред заедничкиот состанок на министрите на полиција и правда од државите членки на ЕУ и нивни колеги од Западен Балкан во Луксембург.