Македонија
14. April 2016 - 16:13

ЕК: Брисел работи на решение на кризата во Македонија

Европската унија секојдневно работи и остварува контакти и преку својата Делегација во Скопје, како и преку седиштето на Европската комисија во Брисел со македонските политички партии со цел решавање на зовриената состојба во Република Македонија по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува сите вмешани во скандалот со прислушувањето. Ова на денешната прес-конференција во Еврокомисијата го потврди портпаролката Маја Коцијанчиќ, која сепак не потврди дали е можен нов лидерски состанок во Брисел или Скопје каде повторно би псоредувал и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

- Нема да влегувам во шпелкулативни сценарија во моментов. Она на што ние се фокусираме е да видиме што можеме ние да сториме со цел да помогнеме политичките лидери во земјата да ја решат политичката криза. Ова е напор не само на ЕУ, туку на пошироката меѓународна заедница, не само деновиве, туку за едно далеку подолго време и ова останува наш фокус денеска - вели Коцијанчиќ.

Според гласноговорничката на Европската комисија, одлуката на претседателот на Република Македонија „ја поткопува и важната работа на Специјалниот обвинител и нејзиниот тим што се воспоставени од парламентот како дел од договорот од Пржино за да ги истражи сериозните прашањата покренати минатата година“.

- Работата на Специјалниот обвинител мора да продолжи и како што рековме минатите денови, оваа одлука ја загрозува и евро-атлантската иднина на земјата. Како и да е, Европската комисија, како што видовте од двете реакции на Високата претставничка и потпретседател на ЕК и на комесарот Хан, ги повикува сите политички партии и сите вклучени да обезбедат процесот да се движи напред. Велите дека договорот од Пржино е мртов, но ние веруваме дека се уште има време за враќање на преговарачка маса. Ние веруваме дека токму ова е одговорност на политичките партии и да се продолжува со напорите за да се изведе земјата надвор од сегашната политичка криза - децидна е портпаролката на Еврокомисијата.

Што се однесува до протестите и насилството, Маја Коцијанчиќ потсети на постојаната позиција на ЕУ дека „секакво насилство е неприфатливо“.

Запрашана што е сега променето во споредба со 2001 година, кога Унијата ја поздравиопштата амнестија што тогашниот претседател Трјковски ја издаде за терористите на УЧК кои убија повеќе од 80 македонски бранители, Коцијанчиќ одбегна да одговори:

- Јас ја истакнав нашата позиција и тука ние стоиме. Како што кажав и вчера, а тоа останува случај и денеска, нашите контакти продолжуваат. Видовте дека комесарот Хан вчера се сретна со тројцата европратеници кои беа дел од посредувањето минатата година. Има контакти и на ниво на нашата Делегација во Скопје и преку седиштето и има многу работи што се случуваат во однос на активност, но нашата позицијата е изразена денеска и за цело време - избегна директен одговор Коцијанчиќ.

За тоа дали постои ризик Македонија да го загуби статусот на земја-кандидат ако работите се влошат и дали има процедура каде земјата може да се придвижи назад и да го загуби статусот, Маја Коцијанчиќ исто така одби да даде директен одговор