Балкан
14. January 2018 - 11:43

ЕК бара Словенија и Унгарија да не го блокираат приемот на Хрватска во ОЕЦД

Европската комисија ги повика Словенија и Унгарија да се откажат од блокарањето на приемот на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во одговор на еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром на прашањето на хрватскиот европратенил Тонино Пицула, се наведува дека Европската комисја смета оти Хрватска ги исполнува критериумите за отпочнување преговори за членство во ОЕЦД и затоа е неприфатливо блокирањето од страна на која било членка на ЕУ.