ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
Европската комисија денеска соопшти дека ги повикача Бугарија, Грција, Кипар, Луксембург, Малта, Полска, Романија и Холандија итно да ја вклучат директивата на ЕУ за борба против перењето на пари во своите национални законодавства.
Новите правила на Европската унија ќе ги зајакнат постојаните барања за борба против перењето на пари и финансирањето на тероризмот, се наведува во соопштението.
Сите држави од ЕУ требаше да ја прифатат директивата до 26 јуни годинава.
Посочените осум земји, меѓутоа, не ја известиле Комисијата за преземените мерки за спроведување на европската директива и таа се уште не е вклучена во рамките на националните законодавни процедури.
По дадената можност на земјите да достават мислења како одговор на официјалните писма на ЕК што беа испратени во јули, Брисел сега ги повика осумте држави да ги преземат неопходните мерки за целосно почитување на директивата.
Доколку во текот на следните два месеци тие земји не го усогласат своето законодавство со правото на ЕУ, Комисијата може да се обрати до судот на ЕУ, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо