-->
-->
ЕИБ и дала 100 милиони евра на Македонија во 2012. што донеле 2.000 нови работни места
-->
Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбедила заем од 100 милиони евра за Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) во 2012 година, за подобрување на пристапот до финансии за малите и средни претпријатија во земјата.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Луксембург, денеска го потврди банката на Европската унија, што се пари кои се дел од шесте милијарди евра што ЕИБ ги вложила за период од пет години во земји од јужното соседство и во Западниот Балкан. Овие средства, според објаснувањето на оваа банка на ЕУ придонеле да се задржат 16,5 илјади работни места во македонската држава, како и да се создадат две илјади нови работни места.
Стоте милиони евра што ги добила Македонската банка за поддршка на развојот, според Европската инвестициска банка и овозможиле на оваа национална промотивна банка да им позајмува на локалните банки во Македонија и обезбедиле финансирање на 44 мали и средни претпријатија и четири средно-големи претпријатија во земјата.
- Кредитите во просек изнесуваат 222.000 евра, со просечно траење од 5,5 години, со значително подобрување на кредитите за позајмување кои им се достапни на малите и средните претпријатија на локалниот пазар. Ова кредитирање помогна да се одржат 16.542 работни места во корисничките компании и создаде над 2.000 нови работни места. Тоа помогна да се финансираат инвестициите од страна на компаниите-корисници со вкупно 171 милион евра, соопштија од Европската инвестициска банка со седиште во Луксембург.
Од поволните заеми на ЕИБ за развојни проекти во рамки на приватниот сектор, освен Македонија, корист имале и Мароко и Египет, земји од соседството на Унијата, додека во јавниот сектор, покрај Египет, профитирале и Тунис и Јордан. Овие поволни заеми, банката на Европската унија ги доделува за поддршка на малите и средни претпријатија во земјите од соседството и на Западниот Балкан на повик на Европскиот совет за интензивирање на поддршката на овие земји, со цел истите да остварат економски раст и да постигнат одржливи развојни цели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово