Ракомет
8. November 2017 - 16:58

ЕХФ ги одби Грците

Судот за спортска арбитража на ЕХФ, ја одби жалбата на Ракометната федерација на Грција и со тоа ја потврди изречената казна. Грција беше казнета за скандалот за време на натпреварот Македонија - Грција одигран во Скопје на 2.август на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 17 години. 
Младите грчки ракометраки со инструкциите од стручниот шптаб по 32 секунди го напуштија теренот. 
Раководството на грчкиот состав не беше задоволно од тоа што делегатот дозволи да се игра, а да не биде избришано името Македонија од маиците на нашиот стручен штаб.
Поради повлекувањето на репрезентацијата од теренот, ЕХФ ги додели бодовите на нашата национална репрезентација, Грција беше исклучена од шампионатот, а воедно и парично казнета со 25.000 евра.