Фудбал
17. March 2016 - 10:48

Eх Алегри, Алегри, не се менува Мората за „Манџа“!!!

Фановите на Јувентус можат само да жалат за елиминацијата на нивниот миленик од Лигата на шампионите по синоќешниот трилер меч во Минхен. Грешката се виде од авион, тоа е моментот кога Алегри го извади од игра извонредниот Мората  а место него во игра го внесе Манџукиќ (манџа) со што  бјанко-нерите ја загубија играта и му дозволија на противникот да израмни на 2-2 и потоа да победи убедливо со 4-2. Прв кој провоцираше е тренерот на Баерн Гвардиола кој го „избрка“ хрватскиот фудбалер од Баерн и го донесе Левандовски.

„Со Мората ни беше многу потешко, но ситуацијата се смени кога во игра влезе Манџукиќ. Со него имавме поголема контрола на играта бидејќи тој е опасен во шеснаесетникот, а не и надвор од него", изјави Гвардиола.