Балкан
8. February 2016 - 20:58

„Егзит“ прогласен за најдобар европски фестивал за 2016 година

Српскиот музички фестивал „Егзит“ е прогласен за најдобар европски фестивал за 2016 година во европската туристичка класификација „Најдобри европски дестинации“, што се подготвува во соработка со Европската комисија.

„Егзит“ е на прво место, пред англискиот „Сикрет гарден“ и белгискиот фестивал „Тумороуленд“.

Летните музички фестивали се дел од европскиот идентитет, а „Егзит“ стана еден од најважните фестивали во светот, соопшти  „Најдобри европски дестинации“, организација за промоција на европска култура и туризам, во која членуваат 355 европски туристички организации. За изборот гласаат стотици илјади патници од цел свет, а интернет-страницата месечно е посетена од 2,5 милиони корисници.

„Егзит“ се организира секоја година од 2000 година во тврдината Петроварадин, Нови Сад. Фестивалот првично беше замислен како протест против режимот на Слободан Милошевиќ, а во 2005 година „Егзит“ беше посетен од 250.000 луѓе, првенствено странци.