Македонија
16. February 2017 - 16:15

Егзит: Ова е порака од СДСМ до Ахмети- или замоли не за коалиција или СЈО ќе отвори постапки за тебе и твоите сопартијци

Одлуката на Ахмети кого ѓе избере за владин партнер ќе покаже дали овој политичар е мудар како што сака да се прикаже или потклекнува на заканите на Заев и СДСМ- пишува албанскиот портал Егзит во анализа на пост изборните партиски калкулации во Макеоднија.

Повод за објкавениот текст е фејсбук статусот на пратеникот Павле Богоевски од СДСМ кој јавно го потсети лидерот на ДУИ за постоењето на Специјалното јавно обвинителство што според Егзит е отворена закана со прогон доколку не прифати коалиција со неговата партија.

„Се поставува прашањето- дали ДУИ воопшто има намера да формира коалиција со СДСМ? Ако одговорот е потврден, дали е тоа бидејќи СДСМ е подготвен на поголеми отстапки или бидејќи Али Ахмети е под закани од СДСМ?

Ова прашање се поставува откако на површина испливаа „коалициските игри“ меѓу кои има и закани главно кон лидерот Али Ахмети. Лидерот на ДУИ побара од СДСМ писмена понуда за коалиција а на тоа доби лична закана од функционерот на СДСМ Павле Богоевски.

„Знае ли Али Ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на ДУИ од евентуален прогон од СЈО? „Напиша пратеникот Богоевски а пренесе албанскиот портал.

Според албански Егзит, ова не е лична порака туку порака од раководството на СДСМ до Ахмети- или замоли не за коалиција или СЈО ќе отвори постапки за тебе и твоите сопартијци.

Во текстот се потсетува дека политичката криза започна со објавувањето на незаконски прислушувани материјали од членови на ВМРО-ДПМНЕ но и членови на раководството на ДУИ. На социјалните мрежи осамнаа и исклучително приватни разговори на дел од раководните лица од партијата на Ахмети. Според анализата на албанскиот медиум  овие активности биле координирани од СДСМ бидејќи единствено Заев ги поседувал овие материјали.

Специјалното јавно обвинителство дос ега нема соопштено дали води истрага за лица или случаи поврзани со раководството од Мала речица. Сите досегашни случаи се однесуваат на високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.