Свет
17. November 2015 - 8:59

Египетските безбедносни сили убија 24 исламисти од синајскиот огранок на ИД

Египетските безбедносни сили ликвидираа 24 исламисти од синајскиот огранок на групата Исламска држава.

Операцијата била извршена на Синајскиот полуостров, на 70 километри од местото каде минатиот месец се урна рускиот патнички авион, при што загинаа 224 патници и членови на екипажот.

Убиените исламисти се криеле во пештера во планината. При операцијата биле уапсени осум лица.

Синајскиот огранок на ИД дејствува во Северен Синај веќе две години. Претходно групата дејствуваше под друго име, но потоа се заколна на лојалност кон ИД и се преименува во „Провинција Синај“.