Свет
18. January 2016 - 9:23

Египетскиот Парламент усвои според антитерористички закон

Египетскиот Парламент со големо мнозинство вчера изгласа спорен антитерористички закон, кој предвидува и формирање на специјални судови.

„За“ Законот гласаа 457 пратеници, а 24 се изјаснија „против“.

Законот предвидува казни од пет години затвор до смртна казна за вмешаност во тероризам.

Со новиот закон полицајците и војниците можат да употребат сила. Законот предвидува и казни за новинарите кои ќе нобјават текст со хипотези различни од официјалната верзија за терористичките напади.